Информации за производот
1 of 3

ENA - Eco&Novel Accessories

Ecotools® Сет за нега на тело и стапала

Ecotools® Сет за нега на тело и стапала

Regular price 1,490.00 денари
Regular price Sale price 1,490.00 денари
Попуст Продаден
Испораката се пресметува при наплатата.

Ecotools® Hygiene Set - Сет за нега на тело и стапала

Детали за производот

Сетот за нега на тело и стапала на Ecotools е идеален за потребната нега на сувата и оштетена кожа особено во текот на зимскиот период. Производите од овој сет делуваат антибактериски и целосно ја прочистуваат кожата.  Комплетот ги вклучува сите алатки кои ви се потребни за регенерирање на сувата  кожа, вклучувајќи ракавици за пилинг при капење и туширање, хидрантен сапун за нежно отстранување на нечистотии, сол за нега на стапалата, камен за стапала и четка за стапала.

Намена на сетот:

Користете ги  ракавиците за пилинг за капење и туширање кои се дизајнирани за темелно чистење и нежно отстранување на мртвите клетки за да добиете природен сјај.

Опуштете се и натопете ги уморните стапала во солта за капење со нане и масло од чајно дрво.

Минералите од солта помагаат во детоксикација, ексфолијација (ревитализација) и балансирање на кожата.

Четката за капење и каменот за стапала се основни спа алатки создадени за длабоко ексфолирање на сувите потпетици и стапалата.

Сапунот е направен од глина и помага во омекнување и навлажнување на кожата.

100% Cruelty Free и Vegan - Производите на EcoTools никогаш не се тестираат на животни.

Хартиеното пакување за чија изработка не се користи дрво е направено од рециклирани материјали - EcoTools верува во намалување на отпадот со користење на рециклиран алуминиум и пластика во своите производи

 

Инструкции за користење: 

Секој од производите во овој сет е дизајниран за соодветен третман на одредена област од вашето тело - користете го секој производ на следниов начин:

Хидрантен сапун – користете ја пената од сапунот за нежно масирање со кружни движења. Исплакнете темелно.

Сол за стапала - додадете 2-3 лажици  или повеќе од солта во топла бања, измешајте да се раствори. Потопете ги стапалата 20-40 минути.

Четка за стапала и камен за стапала (пемза) – влажните стапала масирајте ги со каменот за стапала, а потоа со четката отстранете ја мртвата кожа. Навлажнете ги влакната и додадете сапун.  Потоа масирајте ја кожата за да добиете меки и мазни стапала.

Ракавици за пилинг за капење и туширање - ставете ги рацете во влажни  ракавици, нанесете гел за миење на телото и потоа масирајте по целото тело.

Погледај детално